Последни апели

Да и помогнеме на Ѓулу!

од MKcounselMK / 177 Прегледи

                                                           

 Сигурно ќе се сетите на нашата Ѓулу :)

Ние и подаривме барбики а она нам насмевки кои се уште ги паметиме!
Ѓулу со нејзините родители е се уште на одделот за детска хематологија ипотребна им е парична помош. Нејзините родители немаат фејсбук ниту пак мобилни телефони кои поддржуваат социјални мрежи за да се стапи во контакт на тој начин со нив, затоа ние ќе се потрудиме на овој начин да им помогнеме колку можеме заедно со сите вас. Храна не е потребна бидејќи е на специјален режим на исхрана, исто така не е потребна и облека. Сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат со парични средства, тоа може да го направат преку нашата жиро сметка, со назнака „Донација за Ѓулу“

                             Сите собрани парични средства ќе бидат донирани на родителите на Ѓулу.

                                                                                Art Life при NLB банка:
                                                        Жиро сметка: 210066095110113

 

Ви благодариме од сè срце 

Ве молиме споделете го овој пост заедно со текстот како би можеле да го видат 

 

Апелот е превземен од ФБ фан страната на  Коалиција Боите на животот

 

 

Отвори повеќе »

Да и помогнеме на Евгенија Јоноска!

од Div4o / 30,474 Прегледи

Дирекрот на ООУ “Климент Охридски” Ахил Јаков, пред една недела повика да се спаси животот на 11-годишна ученичка. 

Како што напиша тој, пред извесно време девојчето доживеало тежок мозочен удар, а после ударот девојчето за 98% го загубило видот, говорот и целата десна страна на телото. Итно е потребно лекување во Краков, Полска, а на родителите им се потребна финансика помош за да го поминат овој кошмар.

Досега хуманоста на граѓаните и прилепските компании тежи 482 330 денари, а сумата постојано се зголемува.

За да и помогнете на малата Евгенија Јоновска може да донирате на жиро сметката: 300027029873372 – Комерцијална банка.

БРОЕВИТЕ ЗА ДОНАЦИЈА ЗА
ЕВГЕНИЈА ЈОНОВСКА СЕ:
075 143 481
077 143 481
078 143 481
070 143 171

 

 

Отвори повеќе »

Апел за помош на Влатко Мицкоски

од Div4o / 499 Прегледи

ПРЕВЗЕМЕНО ОД FB

Пријатели и пријателки, оние коишто ме познаваат лично и не. Се обраќам до сите вас бидејќи ми е потребна вашата помош повеќе од кога било. Последно да е да треба да си помагаме за вакви работи, но кога дошло мора до крај...

Имено, како што веќе знаат некои поблиски луѓе за мојата ситуација, a сега ќе ја споделам и со јавноста, боледувам од опаката болест на 21-ви век на само 23 годишна возраст, бубрежен канцер.
Извршена беше операција во јуни 2015 и токму кога мислев дека се’ е завршено, во март оваа година болеста се враќа и метастазира на неколку места, меѓу кои и коските.
За да се контролира оваа болест, примам т.н. таргет терапија (Votrient) во вид на таблети и покажува одлични резултати до сега т.е болеста полека се повлекува. Но, оваа терапија не е на позитивната листа на ФЗОМ и ја набавуваме од странство приватно и е многу скапа, чини 2100 евра месечно, сума којашто моето семејство не може да си ја дозволи за набавка на овој лек. Добивав донации од повеќе фирми, но тие беа доволни само за 5 дози кои веќе ги примив досега.

Затоа, ве замолувам сите вас во рамките на вашите можности да ми помогнете финансиски колку што можете.

Број на кој може да донирате 100 ден. од повик:
Корисници на One – 075 143 472
Корисници на Vip – 077 143 472

Податоци за трансакциска сметка:
Влатко Мицкоски
210-5016789882-78
НЛБ Тутунска Банка

Од се’ срце ви се заблагодаруваме однапред, јас и моето семејство!

Отвори повеќе »

БЕБЕТО ЛУКА СО ПРАЗЕН СТОМАК – РОДИТЕЛИТЕ БАРААТ ПОМОШ ОД ХУМАНИ ЛУЃЕ

од Div4o / 1,100 Прегледи

„Синче мое убаво многу те сакам за тебе ќе се борам до крај“. Ова се зборовите на 25 годишната Билјана, мајка на бебето Лука од Свети Николе. Лука има само две недели, но собата во која моментално спие е студена, бидејќи семејството нема дрва за да ја запали печката. Неговото шише со млеко го затекнавме полу-празно, затоа што родителите немаат пари да купат. Мајката Билјана е загрижена за здравјето на нејзиното бебе. Таа вели дека социјалната помош од 1200 денари не стасува за ништо.

„Ладно е, многу е ладно. Затоа детето го покривам со јамболија и со ќебенце, да не му студи. Го наоблекувам многу. За сите што не гледаат и ни помагаат Господ да им даде здравје, среќа љубов. Здравје да си има за другото се ќе си дојде. Дрва ни се најпотребни и стан под кирија привремено додека ни се направи нова куќа“, изјави Билјана Симонова.

Распукани ѕидови, распаднат покрив, од секоја страна дува промаја…во ваква состојба е куќарката во Свети Николе која го згрижува семејството Симонви. Променливото време, дождот и ветриот уште повеќе им ја отежнува ситуацијата. Таткото Оливер бара било каква работа само да може да купува млеко и пелени за Лука.

„Работам сезонски, кај најдам, немам стална работа. Куќата ми се распаѓа. Немам ни храна. Должам од сите страни. Навечер на свеќи. До 7 часот седиме па си легнуваме. Нема ни струја, ни ништо. Од сите страни тече. Од сите страни фури. Таван немаме во едната соба. Кај и дае и овој таван ќе падне. Што да кажам, страшно. Се молиме на Бога пред да си легнеме да не падне“, изјави Оливер Симонов

Општинските власти во Свети Никола им ветиле санирање на куќата но досега, како што велат Билјана и Оливер  ништо не е преземено. Од општината велат дека на семејството им е дадена првична помош од 15 илјади денари, но тоа ни приближно не е доволно за трочленото семејство. Центарот за социјални работи им понудул сместување во прифатен центар , само за мајката и бебето,  но Билјана одбила затоа што не сака бедата и безработицата да го растури семејството, а Лука да расте без татко си. Младите родители не испратија за Скопје со надеж дека хумани луѓе ќе им помогнат да изградат мал дом. Дотогаш малиот Лука ќе спие со празен стомак и покриен со јамболија.

Извор http://tv21.tv/mk

Отвори повеќе »

Апел за помош на Дејан Тодоровски

од Div4o / 500 Прегледи

„Јас Дејан Тодоровски имам 33 години и боледувам од мултиплекс склероза. Поради прогресивноста на болеста сум тешко подвижен – во количка и се движам исклучиво со придружба. Мојата мајка која е самохран родител која поради негата што треба да ми ја пружи, беше принудена да ја напушти својата работа.Финансиските сретства кои што ги примам, нега и мобилност, не се доволни за секојдневните потреби за лекови, третмани, вежби и помагала, со цел да се подобри мојата здраствена состојба. Условите во кои што живеам уште повеќе ја отежнуваат состојбата во која што се наоѓам.
Заради тоа апелирам за финансиска помош со што полесно би се справиле со болеста.“
Уплатите можат да се вршат на следната жиро сметка: 210501702687027  НЛБ Тутунска Банка, на име на Тодоровски Дејан
 
Извор: donacii.mk
Отвори повеќе »

RSS