Барам помош

Апел за помош на малиот Алексеј

од Div4o / 6,909 Прегледи


Почитувани пријатели и познаници,
Алексеј е на возраст од скоро 6 годинки и боледува од ретка болест,односно Прогресивна мускулна дистрофија-Дишен(Distrophio musculorum progresiva DMD),која предизвикува изумирање на мускулните влакна.Лекувањето во Медицинскиот центар за матични клетки (ВУ) во Пекинг,овозможува лекување на оваа тешка болест, а двонеделниот третман за операција,имплантација на матични клетки,физиотерапија,медицински услуги,пат,сместување и останати трошоци чини 30,000 долари.Бидејќи како родители на три дечиња не сме во можност да го финансираме горенаведеното,би ве замолиле доколку сте во можност да ни помогнете околу обезбедувањето на потребните средства.
Оној кој не е во можност финансиски да помогне,доволно ќе биде да ја сподели оваа порака на својот ѕид.
Со почит,родителите на Алексej


Може да донирате на броевите 143-115 (Т-MOBILE) 
143-461 (VIP) (ONE) ( од било кој префикс) 
ЖИРО-СМЕТКА ВО НЛБ ТУТУНСКА БАНКА 210-7000 00 6394-63 со цел на дознака 
ДОНAЦИЈА

Извор: fb.com

 

Отвори повеќе »

Апел за помош на Антонио Мавров

од Div4o / 1,251 Прегледи


Антонио Мавров има две и пол годинки и боледува од леукемија. Потребни се финансиски средства за тој да отпатува на лекување.

Ги замолуваме сите хумани луѓе да донираат на следната транскакциска сметка:

 

ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ДОНИРААТ ОД МАКЕДОНИЈА ТОА МОЖЕ ДА ГО СТОРАТ НА СЛЕДНАТА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА:270700035393309 ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ Жаклина Маврова

извор: http://strumicadenes.mk

Отвори повеќе »

Апел за помош на Наташа Николовска

од Div4o / 743 Прегледи

Да и помогнеме на Наташа Николовска!

Наташа е млада жена и самохрана мајка на 6 годишно момче. Таа се соочува со најтешката борба во животот- борба за нејзинотот здравје. Боледува од рак на желудникот. По интервенцијата во болницата “8 ми септември” таа мора да продолжи со третмани кои не се покриени од фондот.

Третманите кои мора да ги прима една година во болнцата “Филип II” чинат вкупно 12000 евра. Но тоа се само основните трошоци. Наташа и нејзиниот син мора да ја добијат оваа битка. Битката можат да ја добијат само со наша помош.

Да помогнеме!

Корисниците на Телеком можат да донираат на 070 143 117

Корисниците на ОНЕ/ВИП можат да донираат на 143 474

Преземено од Фондација Телеком

 

 

Отвори повеќе »

Да и помогнеме на Ѓулу!

од MKcounselMK / 446 Прегледи

                                                           

 Сигурно ќе се сетите на нашата Ѓулу :)

Ние и подаривме барбики а она нам насмевки кои се уште ги паметиме!
Ѓулу со нејзините родители е се уште на одделот за детска хематологија ипотребна им е парична помош. Нејзините родители немаат фејсбук ниту пак мобилни телефони кои поддржуваат социјални мрежи за да се стапи во контакт на тој начин со нив, затоа ние ќе се потрудиме на овој начин да им помогнеме колку можеме заедно со сите вас. Храна не е потребна бидејќи е на специјален режим на исхрана, исто така не е потребна и облека. Сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат со парични средства, тоа може да го направат преку нашата жиро сметка, со назнака „Донација за Ѓулу“

                             Сите собрани парични средства ќе бидат донирани на родителите на Ѓулу.

                                                                                Art Life при NLB банка:
                                                        Жиро сметка: 210066095110113

 

Ви благодариме од сè срце 

Ве молиме споделете го овој пост заедно со текстот како би можеле да го видат 

 

Апелот е превземен од ФБ фан страната на  Коалиција Боите на животот

 

 

Отвори повеќе »

Да и помогнеме на Евгенија Јоноска!

од Div4o / 32,426 Прегледи

Дирекрот на ООУ “Климент Охридски” Ахил Јаков, пред една недела повика да се спаси животот на 11-годишна ученичка. 

Како што напиша тој, пред извесно време девојчето доживеало тежок мозочен удар, а после ударот девојчето за 98% го загубило видот, говорот и целата десна страна на телото. Итно е потребно лекување во Краков, Полска, а на родителите им се потребна финансика помош за да го поминат овој кошмар.

Досега хуманоста на граѓаните и прилепските компании тежи 482 330 денари, а сумата постојано се зголемува.

За да и помогнете на малата Евгенија Јоновска може да донирате на жиро сметката: 300027029873372 – Комерцијална банка.

БРОЕВИТЕ ЗА ДОНАЦИЈА ЗА
ЕВГЕНИЈА ЈОНОВСКА СЕ:
075 143 481
077 143 481
078 143 481
070 143 171

 

 

Отвори повеќе »

RSS