Ајшен

Подреди

Ајшен е млада и убава девојка која живее заедно со злобниот Јашар, за кого мисли дека и е татко, а мајката Асуман ја изгубила пред неколку години. Јашар постојано ја малтретира Ајшен, а невината девојка не знае дека минатото е причина за однесувањето на Јашар кон неа. Имено, нејзината мајка Асуман додека била млада, работела како слугинка кај богатото аристократско семејство Катибоглу и имала тајна врска со господинот Ата, синот единец на тоа семејство. Семејството на Ата било против таа врска и затоа решиле да ги разделат вљубените. Во моментот кога Асуман дознала дека е бремена од Ата, семејството на Ата со сила ја омажиле за Јашар, синот на надзорникот на имотот, и дале пари да се оддалечи од семејството и да живее убаво до крајот на животот, а пак на Ата му рекле дека Асуман побегнала со Јашар и дека се омажила со него од љубов. Асуман ја родила малечката Ајшен, но никогаш не била среќна во бракот со Јашар. Јашар, пак, бил лудо вљубен во неа и мислел дека конечно има нешто кое му припаѓа на Ата, на кого му љубоморел од секогаш. Но, никогаш не го придобил срцето на таа жена, па морал да живее со сознанието дека ќерката на Асуман е всушност ќерка на човекот кого најмногу го мрази. Поминале години... Јашар ги искористил парите кои ги добила Асуман од богатото семејствои со тек на време, ги умножил и станал еден од најбогатите луѓе во местото. Но, никогаш не ја прифатил Ајшен како свое дете. Ја мразел, ја понижувал, ја испишал од гимназијата, а таа, невина и мила, живее како слугинка во сопствената куќа. Тој не сака да ја омажи девојката затоа што така она ќе си замине од домот, а он ќе ги изгуби сите пари од Асуман. Живеејќи под строгите правила на својот татко, Ајшен бега од реалноста така што мечтае за голема љубов како од новелите на телевизија, сонува еден ден да го посети Истанбул каде се случуваат такви големи љубови.  Од друга страна, господинот Ата живее во несреќен брак со Уфтаде од кои ги има децата Фериде и Четин. Поради многуте трошоци на жена му и ќерката, тој решава да ја продаде семејната вила во Истанбул и да се преселат во стан. Вилата ја купува, ни помалку ни повеќе, туку злобниот Јашир. Тој тоа го прави со единствена цел - да добие се' што му припаѓа на Ата. Јашар и Ајшен се преселуваат во вилата и се запознаат со семејството на Ата. Уфтаде и Фериде ги мразат таткото и ќерката кои им ја купиле куќата, а пак Ата е запрепастен од Ајшен која премногу го потсетува на неговата љубов Асуман. По преселбата, Ајшен тргнува во истражување на градот за кој секогаш сонувала. Таа е толку добронамерна и невина, што не е свесна за непријателите околу неа. Нејзината привлечност и едноставна убавина ќе го запленат срцето и на Саваш, принцот за кој цел живот сонувала во градот за кој секогаш мечтаела.

Улоги: Selçuk Yöntem (Ата), Cansu Tosun (Ајшен), Metin Coşkun (Јашар), Begüm Akkaya (Фериде), Nazan Kesal (Уфтаде)

 

RSS