Аманет-Алфа тв

Подреди

"Аманет" е приказна за животот низ кој пловиме секојдневно и се препуштаме без страв, се' додека нашата фамилија е покрај нас, да не чува и штити од секое зло. Господинот Ешреф е сопственик на продавница за чевли и тоа е она од кое опстојува тој и целото негово семејство. Тој е почитуван и чесен човек, но оној ден кога неговиот син Мурат решава да го превземе семејниот бизнис, почнуваат црни облаци да се надвиснуваат на целото семејство. Една ноќ нивниот дуќан гори до темел и со тоа згаснува единствениот извор на пари за фамилијата Караханли. Во нивниот живот се појавува Кенан, кој е дојден со единствена цел - да се одмазди на целото семејство поради грешките од минатото. Тој не само што го уништува бизнисот на Караханлови, туку решава да заведе една од девојките од семејството и да си поигра со нивните емоции. За Мурат доаѓаат тешки времиња, во кои за него останува само аманетот што му го дал на татка си дека ќе го држи целото семејство заедно.

RSS