Аманет

Подреди

Јадиѓар е млада, убава, своеглава, бунтовна и силна девојка која живее во Антеп со сопругот и двете деца. Еден ден, таа дознава дека сопругот ја изневерува веќе подолго време и решава да го напушти и со дечињата да се врати во семејната куќа на својот татко. Нејзиниот татко ја убедува Јадиѓар да се врати кај мажот, иако таа не ни помислува да му прости. Во куќата на татко и, Јадиѓар наидува и на ладно однесување од нејзината маќеа, која не ја сака девојката во куќата.
Но тогаш се случува нешто што го менува животот на младата хероина. Јадиѓар наоѓа писмо од нејзината покојна мајка која вели дека и оставила некаков аманет кај пријателката Хусне, аманет за нејзината ќерка која треба да го побара во тешки времиња. Па така, Јадиѓар заминува во Истанбул во куќата на Хусне да го побара наследството од мајка и. Тој аманет го менува не само животот на Јадиѓар, туку и животот на сите оние кои живеат и ќе живеат во таа голема куќа. Смешната Хусне живее среќно заедно со нејзиниот маж Бахатин, двете ќерки Арифе и Џејлан, двете братучетки Салиха и Елмас и слугинката Хаџик. Животот на Јадиѓар и веселото семејство станува уште покомплициран кога во куќата се враќа братот на Хусне, Џиван кој работел како готвач во Италија и сега доаѓа да живее во Истанбул. Тој се вљубува во Јадиѓар, а и таа во него. Но Хусне и Бахатин кријат една голема тајна од девојката, една тајна која е поврзана со аманетот од мајката и која се заканува дека ќе ги разгори пријателствата и семејните односи.

Улоги: Gökçe Bahadır (Јадиѓар), Caner Cindoruk (Џиван), Uğur Yücel (Бахатин), Binnur Kaya (Хусне), Ayça Damgacı (Хаџик), Bilge Şen (Елмас) и др.

RSS