АСИ

Подреди

Ова е приказна за земјата и љубовта, приказна за невозможната љубов помеѓу Аси и Демир чии семејства се раскарани со години. Аси е убава, сaмоуверена, тврдоглава и бунтовна девојка, а името го добила по името на реката Аси која тече во близина на имотот на кој живее. Нештата се менуваат во животот на семејството на Аси кога во селото се врaќа Демир Доган, убав, богат и горд човек кој сака да ги расчисти околностите под кои умрела неговата мајка на тоа парче земја. Неговата мајка се самоубила фрлајќи се во реката Аси, но причината за тоа Демир ја гледа во семејството Козџуоглу. Тие тајни од минатото ќе предизвикаат дуели на земјата, моќни борби и уништување на животите на двете семејства, но тајната од минатото исто така ќе ги зајакне и чувствата кои ги имаат Аси и Демир, пред кои тие безуспешно се трудат да останат воздржани.

 

 

RSS