Баба Ванѓа

Подреди

Серијата започнува со остварувањето на едно од предвидувањата на Ванѓа, за тешка несреќа во Русија, после настанот ја посетува руска телевизиска екипа. Во групата на новинари вклучена е и една млада репортерка Алиса Варажескаја која е потресена од предвидувањето за потонувањето на руската подморница „Курск“. Ванѓа посакува да зборува само со неа и и го раскажува целиот свој живот. Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош. Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта. Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

Способностите на една силна и мудра жена е загатката на ХХ век, а за нејзе постојано кружат разни легенди.

 

 

RSS