Болни лаги

Подреди

Oва е приказна за една богата фамилија која живее во конзервативна средина во западна Турција. Господинот Етхем е таткото и патријархот на семејството, женет е со Руксан, имаат три ќерки и поседуваат големи пространства земја. Но, желбата на господинот Етхем е да има син кој еден ден ќе ги превземе фамилијата и бизнисот во свои раце. Од таа причина, госпоѓа Руксан се плаши дека повторно би можела да роди девојче и со тоа да го разлути нејзиниот маж. Вечерта кога Руксан треба да се пораѓа, Ехтем е во друг град. За голема несреќа, Руксен раѓа повторно девојче. Истовремено во блиското село една сиромашна фамилија добива машко дете на свет, па така бабицата на Руксен и предлага таа ноќ да ги заменат децата. Руксен го прифаќа предлогот, со бабицата ги заменуваат бебињата и им даваат голема сума пари на сиромашната фамилија за да си замине од селото. Така, судбината на децата се менува. Девојчето, родено во богатство и луксуз станува дел од сиромашно семејство, а момчето станува принц на фамилијата Вардарлир. По 26 години, девојчето расте во преубава девојка Рејхан која станува инженер по агрокултура. Од друга страна, Емирхан е синот на Етхем кој станува глава на фамилијата и бизнисот. По игра на судбината, Рејхан и Емирхан се сретнуваат и се вљубуваат еден во друг. Од тогаш започнува да се открива големата тајна за нивното вистинско потекло.

Улоги: Emrah (Емирхан), Sinem Oztufan (Рејхан), Halil Ergün (Етхем), Arzu Gamze Kilinç (Налан)

 

   

RSS