Црната Роза

Подреди

Во земјата во која се спојува традицијата на Истокот и безгрижноста на Западот, онаму каде владеат строгите правила на семејството и жените водат борби за подобро утре, се раѓа приказната за црната роза, жената која ќе се роди повторно онаму каде немаше надеж за тоа. Семејството Шамверди е најмоќното и најбогато семејство во селото. Глава на фамилијата е госпѓата Кадрије која има три деца, синовите Кендал и Мурат и ќерката Мелек. Најголема цел на Кендал е да биде единствениот наследник на фамилијата, но тој нема здраво машко дете кое ќе ја продолжи лозата на племето. Тој отсекогаш бил љубоморен на својот помлад брат Мурат, затоа што Мурат бил омилен син на родителите, и успеал да даде машки наследник во конакот - синот Баран од сопругата Нарин, за разлика од Кендал чиј син Ашим од бракот со првата жена Емине, е парализиран и не може да води еден таков имот и бизнис. Од втората жена, Кендал има ќерка, па заради тоа се чувствува исфрустриран и гневен кон родениот брат. Љубомората на Кендал расте до тој степен што еден ден го повикува братот Мурат на пловидба на која го бутка во водите на реката Еуфрат. Злобниот брат им кажува на семејството дека Мурат исчезнал во водите на реката и дека е веќе удавен, а тие му веруваат и почнуваат да го оплакуваат Мурат. Нивните животи се менуваат кога во конакот се појавува Ебру, втората жена на Мурат со која живеел и имал три деца во Истанбул. За Ебру не знаел никој, а ниту пак таа знаела дека нејзиниот сакан сопруг води двоен живот и има фамилија во место каде владеат чудни семејни обичаи и сурови закони на селото. Ебру сфаќа дека нејзиниот живот бил една голема лага и сега ќе мора сама да се соочи со целата вистина. Во светот на тајните и сплетките, таа е оставена самата на себе и без пари. На самиот почеток се соочува со гневот и омразата на сите во фамилијата, но и покрај тоа што не е добредојдена, решава да остане во селото. Против Ебру е Кендал, кој ја смета неа за натрапничка дојдена по парите на Мурат. Против Ебру е и Нарин, првата жена на нејзиниот маж, која ја мрази онаа поради која Мурат не ја сакал неа. И другите жени во конакот коваат заговори против Ебру, а она што Ебру не го знае е дека во тој конак живее Баран, нејзиниот вистински син, за кого Мурат одамна и кажал дека е мртов и и го дал на Нарин да го чува. Заробена меѓу оковите на традицијата и желбата да обезбезди убав живот за своите деца, црната роза ќе мора да се соочи со сите непријатели, да застане на нозе и да се избори против сите неправди кои и беа нанесени.

Улоги : Ece Uslu (Ебру), Mesut Akusta (Кендал), Özcan Deniz (Мурат), Özlem Conker (Нарин), Şerif Sezer (Кадрије), Mert Yazıcıoğlu (Баран) и др.

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

RSS