Девојката со име Фериха

Подреди
 
Телевизиската серија „Девојката со име Фериха“ е животна приказна за Фериха Јилмаз, ќерка на еден домар и на чистачка кои живеат во подрумот на зградата „Етилер“, станбен објект со најлуксузни станови во Истанбул. Уште од првиот ден кога се доселија тука, Фериха се прави дека е нешто што не е: ќерка на богати родители што живеат во истата зграда. Таа почнува да го гради својот живот од лаги уште поинтензивно кога ќе ја добие студентската стипиендија и кога ќе го запознае Емир, богато момче, кое со родителите живее во „Етилер“. Емир е убавец, прилика која ја посакуваат и за која сонуваат илјадници девојки во Истанбул, но неговото срце ќе потклекне пред шармот и мистериозното однесување на Фериха која започнува да ја игра фаталната игра... За Емир, Фериха е девојка од бајките: убава, чесна и богата... Тој не е ниту малку свесен дека неговата Фериха од бајките, Фериха чие име на арапски значи весела, среќна и задоволна, е, вушност, потполно лажна... Во стапицата од лаги што Фериха почна да ја плете, се вплеткаа и таа и Емир, како и сите нивни најблиски и најмили во двете семејства... Нивната голема и страсна љубов, изградена на лаги, ќе создаде многу занимливи ситуации што ја прават оваа серија исклучително гледлива.

 

 

RSS