Дневникот на Фериде

Подреди

"Дневникот на Фериде" со голема промоција започна во март годинава на Алфа, а по еден месец беше прекината. Како што вели Алфa, телевизијата ги откупила правата и за втората сезона на „Дневникот на Фериде“ или, спопред оригиналниот наслов - „Calıkusu“. Но поради ниската гледаност на серијата во Турција, серијата не доживеа многу епизоди, па заврши без посебен успех. Во продолжение ве потсетуваме на сижето на љубовната приказна за Фериде и Ќамран.

Ова е приказна за Фериде, девојчето - сирак кое како мало останало без своите родители и од тогаш почнува да ја раскажува својата животна судбина. Во зима го посетува францускиот интернат во Истанбул, а летниот одмор го поминува кај семејството на својата тетка. Во училиштето го добива прекарот "чучулига", птица чие име значи ведрина и ѓаволштина, карактеристики кои не биле специфични за муслиманските девојки во тоа време. Иако пораснала без своите родители, таа не се чувствува осамено. Има многу пријатели на училиште, а исто така е сакана и од нејзините тетка и тетин. Нејзината тетка има две деца, синот Ќамран и ќерката Неџмије. Неџмије е постојано љубоморна на својата братучетка поради тоа што целото внимание на семејството е свртено кон неа, а пак Ќамран е млад и успешен доктор кој ужива многу симпатии кај женскиот пол. Иако Фериде и Ќамран постојано се караат без никаква причина, тие длабоко во себе кријат голема и искрена љубов. Кога конечно се свесни за тоа, решаваат да се венчаат. Но на денот пред венчавката, Фериде открива дека Камран ја изневерува. Повредена и тажна, Фериде остава се зад себе. Го напушта семејството, ги напушта пријателите, го напушта Истанбул и заминува во друг град да работи како учителка. Нејзиниот живот се менува, но таа никогаш нема да ја заборави првата љубов и првото разочарување.

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

RSS