Добриот домаќин

Подреди

Јасемин е млада, богата, но и разгалена девојка, која во сите животни ситуации реагира задоволно и среќно. Откако нејзиното семејство ќе бакротира, баш тогаш нејзиниот свршеник Џем ќе ја остави на денот на свадбата. Разочарана од животот и дечкото, еден случаен момент ќе ја спои Јасемин со убавиот Сарп. Сарп инаку студирал во Америка, а сега се враќа повторно во Турција каде сака да работи на Универзитетот како професор, наместо да работи како инженер во големи компании. Случајната средба со Јасемин на автобуската станица ќе донесе недоразбирање меѓу двајцата млади, но и први искри на љубов кои ќе навестат романтична приказна. Со оглед на тоа дека нејзиното семејство е во голема финансиска криза и мора да ја продадат големата вила, Јасемин и нејзините ќе одлучат да се преселат на одредено време во куќата на долгогодишниот шофер на семејството, Хасан. Таму, Јасемин ќе го сретне Сарп и ќе разбере дека тој е всушност внук на нивниот шофер, а пак Сарп ќе биде изненаден од откритието дека Јасемин е сестра на Ѓул, неговата девојка која ја запознал во Америка, каде студирале и двајцата. Јасемин и нејзиното семејство започнуваат живот во сосема поинакви услови и навики, живот каков што не ни замислувале, и на кој ќе мора да се прилагодат, затоа што друго решение во моментот нема. За шоферот Хасан неговите газди се добредојдени во неговиот дом и ќе направи се што може за да им удоволи. Но, во таа куќа, за Јасемин ќе биде тешко да го заборави Џем и да ги прикрие страстите кои се појавуваат кон Сарп. А пак за него, за внукот на Хасан, ќе биде тешко да се раскине со Ѓул и да се започне врска со нејзината сестра. 


Улоги : Aslı Bekiroğlu (Јасемин), Yılmaz Kunt (Сарп), Seray Kaya (Ѓул), Uğur Kurul (Џем), Pamir Pekin (Кемал)

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

 

RSS