Доста е

Подреди

Убавата Ајлин е мажена со богатиот и познат хирург Јекта Харманли. Јекта е опсесивен човек, кој сака да има контрола над сè и над секој што е во негова близина. Животот на Ајлин се менува кога започнува да го открива вистинското лице на нејзиниот сопруг психопат, чии агресивни и надмени напади нема да може повеќе да ги поднесува. Младоста ја прелажа да се омажи за тој човек, не знаејќи дека наместо рај, бракот ќе и стане најголем кошмар. Нивното синче Каан од ден на ден сè повеќе личи на неговиот насилен татко, а Ајлин го очекува и нејзиното второ дете од Јекта. Не можејќи да дозволи таков човек како Јекта да го расте нивното второ дете, Ајлин смислува еден храбар план. На породувањето, лаже дека нејзиното дете умрело, а всушност му го предава на братот и снаата кои неколку години безуспешно се обидувале да имаат дете. Жената на братот се сложува да ја чува тајната за детето, но под услов да добива финансиски надоместок од страна на Ајлин. По пет години, снаата станува исфрустрирана поради тоа што не ги добива сите пари од Ајлин и затоа тајната за детето му ја кажува на нејзиниот љубовник. Тој е подготвен на сè за да стигне до пари, па затоа во замена за пари му ја кажува вистината на Јекта за неговото второ дете. Тајната излегува на виделина - Јекта дознава дека неговото второ дете е живо. Од тој момент следуваат уште пострашни мигови за нашата хероина. Судбината ќе и донесе уште поголеми маки и страдања, а љубовта кон децата ќе биде единствено нешто кое ќе ја натера да го преживува тој пекол. Храброст или потчинетост? На што ќе биде подготвена Ајлин за да излезе од несреќниот брак? Во негови раце е нејзината судбина, но во нејзиниот ум е желбата за бегство и храброста да ја започне војната во име на својата среќа. 

Улоги : Pelin Karahan (Ајлин), Yurdaer Okur (Јекта), Korel Cezayirli (Ураш), Ayşin Yeşim Çapanoğlu (Хандан) и др.

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk

RSS