Dulce Amargo

Подреди

 Маријана и Николас живеат во хармонична брачна заедница каде љубовта од секогаш била двигател на се'. Таа е убава и успешна докторка која работи на ургентното одделение, а со Николас го има синчето Даниел. Но Маријана веќе неколку години ја прогонуваат сенките од минатото кои ѝ создаваат трауми и не ѝ дозволуваат мирен живот. Поради тоа, младата докторка на седумгодишнината од бракот, решава да го напушти сопругот, и на тој начин го крши неговото срце. Таа ситуација ќе ја искористи згодниот доктор Диего, кој ќе започне борба со Николас за срцето на Маријана. Од друга страна, напоредно ги пратиме приказните и на другите ликови вклучени во оваа романтична и интересна приказна. Софија и Рубен, се исто така во брак, но нивниот брак е исполнет со неверства, љубомора и посесивност. Рубен е непоправлив заводник и зависник од сексот, кој често ја изневерува сопругата, и покрај тоа што премногу ја сака. Софија го знае тоа и затоа не сака да затрудни - за еден ден нејзините деца да не дознаат дека татко им е женкарош. Таа е посесивно вљубена во Рубен и затоа не сака да го остави. Нејзината љубов често резултира и со љубоморни испади. Тука е и третиот брачен пар, Барбара и Хуан Анхел. Навидум совршен пар, деловни и успешни луѓе, сјајно се согласуваат, немаат никакви проблеми. Но, за да ги исполни своите хирови, Барбара често манипулира со мажот, па поради тоа, тој често запаѓа и во многу долгови. Четвртиот пар се Камила и Ектор. Камила го сака својот сопруг повеќе од било што на светот, но тој не покажува знаци на љубов и постојано ѝ префрла затоа што му родила ќерка, а не син. Таа сака да напредува во кариерата, а тој сака за неа домаќински живот, да седи дома, да пере и готви. Поради тие причини, често знае да избувне некое недоразбирање меѓу нив, од кое Ектор бегство наоѓа во алкохолот. Сите тие сопружници и нивните семејства, вклучени во оваа љубовна приказна, ќе ги искусат плодовите од вистинската љубов, но ќе сфатат дека секоја голема љубов во животот носи и слатка горчина со себе. 

Улоги : Scarlet Ortiz, Erik Hayser, Fernando Noriega, Roxana Díaz, Juan Carlos García, Juliet Lima, Alejandra Ambrosi и др.

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

RSS