Една силна жена

Подреди

Ова е приказна за една изневерена жена со скршено срце, за еден неверен маж и за две невини деца кои се разделени едно од друго.Алија како мала ги загубила родителите во сообраќајна несреќа, а потоа се омажила за богаташот Синан со кој има две деца, но не е среќна во бракот. Живее во голема куќа со сопругот, децата, но и со нејзината свекрва и золва. Откако открива дека нејзиниот спруг ја изневерува, решава да замине од куќата и да оди кај својот вујко Фејаз во Истанбул. Но на железничката станица доаѓа Синан и пред заминувањето, и го зема синот. Така, едно од децата останува кај таткото, а другото кај мајката. Алија започнува нов живот кај нејзиниот вујко, но она за кое што сонува и ќе се бори е да си го врати синот назад. Нејзиното семејство и пријателите и даваат целосна подршка околу разводот и добивање на старателство над децата. Таа не сака Синан да биде во нејзина близина, но тој не може да ја преболи и ќе наоѓа начини да си ја врати сопругата. Сепак новиот живот во големиот град за Алија носи и нова љубов, докторот Дениз. 

   

RSS