Фамилијата Марковски

Подреди

Плановите и амбициите на таткото во фамилијата Марковски, Иван се распаѓаат во времето на приватизацијата поради што прифаќа разни ангажмани и привремени работи играјќи на картата на политичка неутралност. Но, на тие денови им е дојден крајот ... Најголем поборник за правда во фамилијата Марковски е мајката Лиле. Но, нејзината издржливост е ставена на тест откако е присилена да учествува во сомнителни активности на своето работно место. Најстарото дете во фамилијата Марковски, Јана (27) се соочува со моралната дилема – дали да застане зад сомнителните проекти на архитектонското студио во кое работи, а го води нејзиното момче, или да го зачува својот интегритет. Постариот син во фамилијата Марковски, Виктор (24) и покрај магистерската диплома се мачи да најде стабилна работа, а паралелно крие и огромна тајна од своите најблиски. Најмалото дете во фамилијата Марковски, Бојан има 15 години и негова пасија е снимањето на видео – блогови (влогови) што од забава стануваат негова моќна алатка за иницирање на промени.

 

RSS