Градски ловец

Подреди

Градски Ловец е оригинално сценаријо на светската позната новела од Јапонецот Тсукаса Хоџо.

Во 1983 година, Јужно Корејскиот Претседател и неговите делегатибеа во посета на Бурма кога беше поставена бомба од агенти на Северна Кореја, која исто така експлодира и уби неколку официјални лица. Овој историски настан е наречен Рангун бомбардирање. За да им вратат, пет официјални лица на Јужна Кореја планираат тајна задача за да влезат во Северна Кореја и да убијат неколку официјални лица со високи чинови. Ли Џин Пјо и Парк Му Јеул, двајца од обезбедувањето на Претседателот и двајца најдобри пријатели беа присутни на бомбардирањето, организираат тим од 21 војник за мисијата. Сепак, додека тимот е во Пјонгјанг, петте официјални лица го откажуваат планот за да избегнат интернационална криза ако планот биде дознаен. Веќе повредениот Парк Му Јеол го жртвува својот живот за да го спаси Ли. Ли се враќа назад во Јужна Кореја, каде што дознава дека сите податоци за нив се избришани. Ветувајки дека ќе се одмазди, Ли Џин Пјо го киднапира детето на Му Јеол и го израснува во Златниот Триаголник. Тој ќе го одгледа детето како свое, но исто така ќе го обучи за да може да им се одмазди на петте официјални лица. По експлозијата во селото, Ли му го кажува планот на Ли Јун Сеонг, син на Парк Му Јеол. Седум години подоцна, по завршување на колеџот и докторирање во МИТ, тој се враќа во Јужна Кореја за да го исполни планот на Ли. Тој се вработува во Сината Куќа и таму се запознава подобро со телохранителката Ким На На, која таа ќе му помогне да се одмазди, но исто така тие имаат заедничка цел.

RSS