Грев

Подреди

Oва е приказна за Неџат и Зулал, деца на две сестри, чии животи ќе се спојат уште во раните години на детството. Помеѓу децата уште како мали постоело некоја магична привлечност, но судбината решила навремe да спречи еден грев и да ги раздели. Имено, Неџат како мал бил протеран од сопствениот дом од страна на својот татко, кој бил под влијание на неговата втора жена која не го сакала малиот Неџат во куќата. Така Неџат расте далеку од домот, а неговото срце е обвиено со гнев кон својот татко..

По многу години, Зулал му пишува писмо во кое му вели дека татко му е на смртна постела. Неџат решава да се врати во Истанбул со оправдание да го види татка си, но длабоко во себе тој е возбуден од помислата дека ќе ја види братучетката пак. Во Истанбул, тој се опростува од својот татко кој умира, а кој бил богат и моќен бизнисмен. Доаѓањето на Неџат во куќата значи и пореметување на плановите на неговата маќеа која не сака да се откаже од наследството на покојниот и да го препушти на Неџат.

Од друга страна, Неџат решава да си ги открие чувствата кон Зулал на нејзината мајка, всушност негова тетка. Тогаш таа му ја открива вистината, дека Зулал не е негова братучетка и дека таа не е нејзина ќерка. Но за таа тајна, тетката не сака никој да знае, особено не Зулал. Сега Неџат е во оковите меѓу љубовта и ветувањето дека нема да ја предаде тајната. Тој силно ја љуби Зилал, но таа верува дека нивната љубов е голем грев.

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

RSS