H2O: Just Add Water

Подреди

Eма, Клио и Рики се шеснаесетгодишни девојки кои израснале на преубавите плажи на Златниот брег во Австралија. Ема е дисциплинирана атлета, Клои е нежна и несигурна, а Рики е вистинска бунтовничка. Но еден ден, по вина на Рики, моторот на чамецот во кој се возат девојките, се расипува и тие ќе мора да пливаат до мистериозниот остров Меко како би дошле до брегот. Девојките откриваат дека се работи за чуден вулкански остров прекриен со прекрасна џунгла и со најразлични видови растенија и животни.

Сосема случајно, наоѓаат подводен тунел и се обидуваат да излезат од таму пливајќи низ тунелот. Влегуваат во една чудотоворна пештера но во тој момент се случува нешто во водата, некој чуден сјај. Ема, Клио и Рики се враќаат во својот нормален живот, но одеднаш сфаќаат дека ништо повеќе нема да биде исто. Штом дојдат во допир со вода, тие стануваат сирени. Секоја од нив тоа го открива на различен начин, Ема во текот на својот тренинг, Клои за време на бањање, а Рики ја открива својата нова улога кога ќе биде испрскана од прскалка за трева. Но новите улоги значат и нови моќи. Па така, Ема може од сега да ја замрзне водата, Клои да го смени правецот на движење на водата, а Рики да ја натера водата да врие и да предизвика грмотевица. Единствен човек кој ја знае нивната тајна е нивниот пријател Луис кој се обидува да им помага во новонастанатите ситуации. Така, девојките ќе мора да се навикнат на новиот живот и новите моќи, но и да внимаваат никој да не ги открие нивните тајни, затоа што тоа е многу опасно.

RSS