Имитација на Животот

Подреди

Џесур, единствениот син во фамилијата Гочерлер, по смртта на својот татко, ја превзема целата контрола на семејната компанија и ја добива целата контрола во регионот Антеп. Неговата фамилија е богата и се занимава со дистрибуција на злато во Турција. Оваа империја на злато која се простира во цела Турција, сега е под контрола на Џесур. Најважните личности во неговиот живот се неговата мајка Медиха и сестра Дујгу. Овој човек е вљубен во Икнур и неговата цел е да се ожени со неа. Икнур е убава, но сиромашна девојка која уште од детството е вљубена во Огуз, а живее со својот татко Акиф и со својата сестра. Таткото Акиф им должи пари на семејството на Џесур, па за да го исплати долгот, решава на Џесур да му ја даде раката на ќерката. Џесур е среќен затоа што конечно ќе се ожени со девојката во која е вљубен, но затоа па Икнур е несреќна затоа што се мажи без љубов. Ден пред свадбата, таа спие со Огуз и тој ја моли да избегаат далеку од Џасур и од новото семејство. Но свадбата ќе се случи. Икнур се жртвува и се мажи за Џесур за да го исплати долгот на својот татко. Но на првата брачна ноќ, решава на новиот сопруг да му ја признае вистината за Огуз. Бракот се распаѓа, а Џесур е решен да се одмазди. Мета на неговата одмазда е Омур, сестрата на Икнур која се подготвува за брак со Ердем.

      

RSS