Империја

Подреди

Време на големи владеења и борба за тронови. Време во кое владеењето на султаните значело моќ над целата Османска империја и во кое само најхрабрите можеле да ја сменат таа историја. Незадоволни од владеењето на султанот Ахмет Трети, голема група народ на чело со храбриот Халил превзеле буна и успеале во својата намера да го заменат Ахмет со нов султан, Махмуд Први и на тој начин во 1730 година да заврши Ерата на лалињата. Патрона Халил по потекло бил Албанец од Македонија. Станал дел од јаничарскиот корпус и по крајот на јаничарскиот бунт во Ниш и Видин се преселил во Истанбул. Во Галата работел како трговец, а имал и меана. Востанието започнало кога група бунтовници започнале со немири во Истанбул поради луксузниот живот на дворските чиновници. Бунтот започнал пред Бајазидовата џамија, а самите трговци ги затвориле своите продавници и се приклучиле кон бунтот. Султанот Ахмед III за да ги задоволи нивните барања наредил егзекуција на Ибрахим Паша. По крајот на бунтот империјата била во рацете на бунтовниците. Патрона Халил го однел новиот султан во Ејуп џамијата каде официјално бил прогласен и поставен на функцијата.Но, времето на борбите и сплетките за престиж носат и големи љубовни приказни. Една таква приказна се раѓа во еднa таква империја. 

RSS