И небото плаче

Подреди

Приказната започнува во едно погранично место во Турција, место во кое владеат закоравени обичаи и во кое правилото на традицијата е посилно од секоја желба или потреба. Во еден голем и величествен конак, под свои правила живее семејството на господинот Аслан Булут, кој е богат и почитуван началник во местото. Кога во селото доаѓа докторот Сердар и станува дел од таа заедница, се менува животот на сите. Тлото под нозете на семејството Булут се затресува, а воспоставениот мир се нарушува. Тој е дојден во тој регион затоа што местото е на работ на минско подрачје и заедно со група на волонтери работи доброволно во таа опасна зона, покрај работата во селото. Во селцето, Сердар ја запознава убавата Нарин, во чии очи препознава големо страдање и тага. Таа била оттргната од училишните клупи и насилно омажена за Мустафа Булут, синот на почитуваниот господин Аслан. Во тие години на брак без љубов, се обидела и да побегне, но безуспешно. Никој не ги слушал нејзините крикови за помош од лудиот Мустафа, кој болно ја држи затворена и постојано ја злоупотребува. Колку повеќе таа се обидувала да побегне од Мустафа, толку поголема станувала и страста на Мустафа кон неа, претворајќи се во опсесија кон девојката. Нарин се покорила на судбината и секој ден плачела заедно со небото, да и помогне Бог, да најде мир и љубов на друго место, подалеку од лудакот Мустафа. И додека небото плаче заедно со неа, се појавува Сердар во нејзиниот живот и двајцата се вљубуваат еден во друг. Сердар и неговата мајка Инџи ќе сторат се' за да ја спасат Нарин од огнениот пекол во конакот. Но, опасноста ја демне Нарин и од друга страна. Асија, втората жена на Мустафа, ќе стори се' за да добие свое место во конакот и да ја оттргне девојката од семејството Булут. 

Улоги : Melisa Sözen, Engin Akyürek, Engin Altan Düzyatan, Meral Okay, Berfu Öngören, Ünal Silver, Ceren Olcayto, Sema Keçik

RSS