Инфилтратор

Подреди

Сарп Јилмаз, кој е на чекор до завршување на полициската академија како најдобар во класот, со години го прогонува загубата на својот роден брат Умут. Тој е киднапиран додека си игра криенка, а подоцна го прогласуваат и за мртов. Додека нивната мајка Фусун, живее грчовито на неговите спомени, Сарп се обвинува себе си за неговото исчезнување. Поради загубата на своето дете, Фусун донекаде ја намалува својата болка преку Ејлем, чии родители загинале во сообраќајна несреќа, а која подоцна станува почитуван новинар. 

Киднапираниот Умут е препуштен на улиците и на мафијата, и од тој свет го спасува девојчето Mелек. Тој добива ново име - Mерт, а судбината одлучила повторно да го спои со својот брат, каде што и двајцата се запишале на иста академија. Иако не знаат дека се браќа, Сарп и Мерт ги прогонува истата слика од минатото... нивниот татко, камионџијата  Ибрахим Јилмаз е уапсен пред нивните очи. Обвинет е за осум убиства кои не ги направил, а всушност бил принуден да ја прифати вината наместо таткото на мафијата Џелал.

Во пресрет на свеченото доделување дипломи, учителот и директор на  одделението за организиран криминал Јусуф Каја, го вади валканото минато на татко му. Тој го обвинува Сарп дека се обидува да влезе во полицијата, само за да биде мафијашки шпион. Кога дознава дека се планира негово  исфрлување од академијата, Сарп вперува пиштол на директорот и завршува во затвор. Неговата одбрана ја превзема адвокатката Мелек, која во минатото  му помогнала на неговиот брат. Нејзин татко е мафијашот Џелал Думан.

Додека Сарп ги минува деновите во затвор, неговиот брат станува десна  рака на Јусуф Каја, а во текот на истрагата се зближува и со посвоената сестра на Сарп, новинарката Ејлем. Кога Сарп излегува од затвор, станува еден од највлијателните луѓе во подземјето. Меѓутоа, никој не се сомнева дека тој е всушност полицаец кој е влезен на тајна задача и треба да ги уништи мафијашките кланови, додека неговиот брат всушност е ставен од мафијата како шпион во полициските редови...

RSS