Јазол

Подреди

 

Али Неџат е моќен, богат и безчувствителен млад бизнисмен, кој се грижи само за една цел - успехот. Сенките од минатото го прогонуваат до ден денес затоа што потрагата по адреналин, авантури и врзо возење предизвикало страшна сообраќајка, во која животот го загубил неговиот внук. Мечтаејќи да биде на работ на смртта, сега и умот започнува да живее на тој раб. Жените не ги сфаќал никогаш сериозно, и токму од една таква минлива афера, дознава дека има син Каан. Мајката на детето се самоубива пред очите на Али Неџат и од тогаш неговиот живот уште повеќе почмнува да се менува. Едно интересно патување во Италија ќе го спои со докторката Наз, девојката која ќе го смени неговиот живот и ќе му даде сосема поинаква насока. Наз е морална девојка идеалист, мажена за дизајнерот на автомобили, Умут. Нејзиниот живот исто така станува несреќен кога го губи уште нероденото бебе од Умут. Целата надеж и љубов умира со смртта на тоа дете, па тогаш започнува да се распаѓа и нејзиниот брак. Умут настојува да имаат друго дете, а неговата слепа амбиција ќе предизвика немир и одбивање од страна на Наз. Неможејќи да го контролира бесот на Умут, таа постепено ќе се зближи со Неџат. Неговата ароганција и дистанцираност на почетокот ќе предизвика желба кај Наз да го разбере уште повеќе, а нејзината топлина и сочувство ќе го стоплат леденото срце на Али Неџат. Кога единствениот патоказ е успехот, кога единствената љубов ќе застане осамено да стои во ходникот на заборавот, кога ќе почне да важи правилото дека правила не постојат, и кога моќта ќе ги затруе срцата до сквернување, еден поглед, еден допир, збор и искрена љубов ќе сплетат судбини кои ќе успеат да направат чуда и целата приказна да ја претворат во искрена битка за топлина и љубов. Патиштата на Али Неџат и Умут ќе се спојат кога Умут ќе треба да дизајнира кола со финансиска помош од Али Неџат. Иако времето ќе ги натера да станат различни луѓе од стартот каде почнаа, единствената работа од која нема и двајцата да се откажат се љубовта и копнежот кон Наз. Нишките на нивните судбини ќе сплетат јазол, од кој тешко и макотрпно е да се извлече полесниот крај. 

 

Улоги : Ibrahim Celikkol (Али Неџат), Aybars Kartal Özson (Каан), Belçim Bilgin (Наз), Alican Yücesoy (Умут) и др.

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

RSS