Кога љубовта боли

Подреди

Ѓулру е млада и убава девојка, која пораснала во сиромаштија. Нејзиниот татко Сихан е градинар во една богата вила, чии сопственици им дале мала куќичка во градината каде живее семејството на Ѓулру. Во таа куќичка, Ѓулру живее со татко и и двете сестри, од кои едната работи како готвачка во богатото семејство. Па така понекогаш, Ѓулрy и помага на својата сестра во извршување на работните обврски за газдите. Мечтите на Ѓулру се големи. Таа сонува еден ден да стане успешна како Ѓулфем, ќерката на богаташите за кои работат. Ѓулфем студирала во странство и е успешна дизајнерка. Тој сон почнува полека да и се остварува на Ѓулру. Со стипендијата која ја добива, се запишува на факултет и планира да работи заедно со Ѓулфем, откако ќе дипломира. Но, се случува нешто што ќе ги сруши соништата на младата девојка. Ѓулфен не е воопшто таква каква што она си ја замислува. По смртта на татко и, Ѓулфем се враќа во куќата и станува новата газдарица. Дознава дека последната желба на татко и била семејството да биде постојано заедно и сега Ѓулфем е приморана да се грижи за брат и Џихан, иако не го сака тоа. Злобната Ѓулфем без никаква посебна причина, решава да ги избрка таткото и сестрата на Ѓулру од куќата и им дава пет дена да си најдат нова куќа во која ќе работат. Истовремено, таа ја обвинува Ѓулру за кражба на скапиот ѓердан. Ѓулру и нејзиното семејство ќе мораат да се отселат од вилата и да започнат нов пат на борба и постојана потрага за работа и подобар живот. Тогаш, Ѓулру решава да започне одмазда против богата и злобна Ѓулфен, девојката која цел живот и била идол. По игра на случајноста, Ѓулру го запознава згодниот Омер и двајцата се вљубуваат еден во друг. Но, Омер е всушност првата и голема љубов на Ѓулфен, која ќе стори се' за да го раздели од Ѓулру. За Ѓулру доаѓаат тешки времиња во светот на богатите каде ќе мора да се избори за својата љубов и за својот голем сон.

Улоги : Canan Ergüder, Damla Sönmez, Barış Kılıç, Yiğit Kirazcı, Sercan Badur, Atilla Şendil, Berk Yaygın

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

RSS