Крв и солзи

Подреди


Ова е приказна која доаѓа од југоисточниот дел на Турција каде што секој ден има лоши вести, крв и солзи поради многуте терористички акции на групи кои доаѓаат надвор од границите на тој регион. Тие терористи сметаат дека ги поседуваат тие територии, киднапираат, силуваат, а целта им е уривање на турската држава. Но, и покрај таквата судбина која го снашла народот, младите што живеат тука се полни со љубов и родољубие за својата земја. Војници и луѓе се мета на оружјето на омрзата секој ден. Многу љубовни приказни завршиле уште пред да бидат почнати. Тагата расте уште повеќе заради предавствата и платениците. Оваа приказна, оваа судбина на неговите сонародници сака да ја оконча командант Сердар кој ја дели истата судбина – и љубовна и патриотска. Тој сака мирот и пријателството да залвладеат наместо омразата и вековните оружени битки. Неговата идеја и намера ќе започнат да ја следат многу други млади луѓе и најавуваат дека се подготвени да одат до крај само за да ја запрат оваа трагична судбина. Но, коммандантот Сердар има и една лична приказна и причина поради која го става својот живот на коцка во многу смртоносни ситуации. Тој е во потрага по својата сестра која е грабната од терористите. Додека е во потрага по Зехра, неговата сестра, и додека го изложува својот живот на ризик, тој се заљубува во девојка која е на страната на непријателите. Тоа е девојка со која израснал заедно, но од која војната го разделила. Во една таква ситуација, љубовта и страста се судираат со омразата и државните непријатели. Кој ќе биде победник во оваа битка? Кој ќе биде поразен во триаголникот на љубовта? Кој ќе го запре огнот на насилството, а кој ќе го сочува огнот на љубовта?

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

RSS