Кујна

Подреди

Дејството на серијата се одвива во Москва, во еден руски ресторан кој ја негува француската кујна. Низ многу драматични и комични ситуации поминуваат сите готвачи и цел персонал кој работи во тој ресторан. Во ресторанот "Клод Моне" ќе се запознаеме со новиот готвач Макс, менаџерката Вика, шефот на кујната Витје, барменот Костја, келнерката Настја, како и со останатите чистачки, готвачи, подготвувачи на риба, десерти итн. Серијата се смета за најскапо снимен ситком во руската кинематографија, кој веќе се емитуваше во Србија, Хрватска, Бугарија и останатите земји во регионот. Хуморот на оваа серија е малку поразличен од американските ситкоми и со самото тоа освежувачки, но и храбар. Само за илустрација, во првата епизода, протагонистот Макс се обложува со главниот готвач дека ќе зготви нешто толку вкусно што цел ресторан ќе сака да порача од тоа. Ако не успее, ќе замине од ресторанот сосема гол!

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

RSS