Љубов и пари

Подреди

Омер е полициски офицер, кој живее во сиромашен дом заедно со својата мајка, брат и снаата. Од страна на полицијата е награден за успешно извршениот ангажман во спасување на деца, а наскоро треба да се венча и со својата свршеница Сибел. Сѐ се чини спокојно и ветувачки за иднината на Омер, сѐ до моментот кога ќе добие еден повик на работа - да ја истражи смртта на две убиени лица - пронајдени заедно во кола со истрели во главата. Шокирачко за него е што една од убиените жртви во колата е неговата девојка Сибел. Сѐ се чини нејасно за Омер, затоа што девојката е пронајдена мртва заедно со богатиот тајкун Ахмет Денизер. Семејството Денизер е богато и моќно семејство кое живее во огромна и луксузна вила во Истанбул. Господинот Ахмет е оженет со доминантната Зерин, а тука се и нивните три ќерки. Вечерта кога е убиен милионерот, во нивната куќа се прославува роденден на убавата Елиф, ќерката на Ахмет, која работи во Рим како дизајнерка на накит, а е дојдена во Истанбул по повод роденденот. Гламурозната забава завршува несреќно за семејството затоа што тогаш дознаваат дека главата на семејството е убиен. Млад полицаец и ќерка на тајкун. Две убиени тела ги спојуваат судбините на Омер и Елиф. Среќа завршена во една ноќ и безброј неодговорени прашања. Убиството мора да се расчисти, убијците мора да се најдат, а тоа го посакуваат и семејството на Омер, и семејството на Елиф. Омер и Елиф започнуваат истрага за да разберат како нивните најблиски кои доаѓаат од сосема различни светови и припаѓаат на различни класи, се нашле заедно таа вечер и која е причината поради која се убиени. Омер наоѓа еден дијамант во собата на неговата свршеница и уште еден дијамант во колата каде беа убиени, и тогаш започнува да го решава мозаикот на убиството - сѐ е поврзано со дијамантите. Истовремено, членовите на мафијата и се закануваат на Елиф дека ќе го убијат нејзиното семејство доколку не ги врати дијамантите, вредни милиони, кои ги украл нејзиниот татко. Акција која го одзема здивот и ги разгорува страстите. Приказната за исчезнатите дијаманти ќе донесе серија на мистерии кои Елиф и Омер ќе мора да ги решат, а во таа возбудлива потрага по вистината, кај двајцата ќе почнат да се раѓаат чувства кои навестуваат голема романса и бескрајна љубов.

Улоги : Engin Akyürek, Tuba Büyüküstün, Nebahat Çehre, Erkan Can, Hazal Türesan

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS