Малиот Ага

Подреди

Младите Синем и Али решаваат да се разведат по десет години поминати во брак, во кој го добиле и синчето Мехмет Џан. Синем е убава и паметна девојка кoja работи како невролог во една приватна клиника и не е свесна за вниманието кое го добива од машкиот пол, а пак Али работи во една маркетинг агенција на многу успешни проекти. Но двајцата често влегуваат во расправии и дошло време кога одлучуваат дека не сакаат да бидат повеќе заедно, но таа одлука изгледа не може да биде само нивна. Нивното шестгодишно синче не може да се помири со разделбата на неговите родители и на секаков можен начин ќе се обиде да ги спречи во тоа. Тој е едно палаво дете, кое не прави само бељи во домот, туку и на училиште и на улицата на која си игра со другите деца. Мехмет не може да го сфати и прифати разводот, па така мајката и таткото ќе бидат приморани да му објаснуваат или да се преправаат пред него. Со детскиот и чист поглед кон светот, малиот ага ќе ја користи секоја прилика да ги зближи повторно своите родители, а тука се и семејствата на Синем и Али кои ќе мора да интервенираат во оваа ситуација. 

 Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

   

RSS