Marido en alquiler

Подреди

Серијата го прати животот на Гриселда, која по мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг при една морска пловидба, решава да го држи семејството заедно и на куп, подготвена да стори се' за да го одржи тоа. ... Па дури и да стане хаус мајстор, невообичаена професија за жени. Гриселда е горда на својата работа, со која успева да докаже дека луѓето може да имаат пристоен и среќен живот, без да ги загрозат туѓите вредности. Таа е средовечна жена, мајка на три деца - Кике, Антонио и Амалија. Еден од нејзините синови се впушта во љубовна врска со Патрисија, ќерка на Тереса Кристина, богата, елегантна и површна жена. Тереса Кристина е згрозена од помислата дека може да се посвати со жена од ниската класа и постојано ја понижува Гриселда, и покрај противењето на нејзиниот сопруг Рејналдо. Но, животот на Гриселда се менува само за еден миг. По толку години играње игри на среќа со исти комбинации, еден ден таа освојува неверојатни 25 милиони долари. Но, богатството не го менува нејзиниот живот. Таа сфаќа дека и со толку пари не е воопшто лесно да се преживее во овој суров свет на ѕверки. Парите можеби не го менуваат нејзиниот карактер, но нејзините чувства се будат кога се вљубува во Рејналдо. Романтична и страствена станува нивната врска, а на патот на нивната среќа стои Тереса Кристина, која нема да бира средства да ја уништи Гриселда, односно хаус мајсторот на повик, како што ја нарекува. Милионите кои сега ги има Гриселда ќе го "воскреснат" и нејзиниот сопруг, за кого сите мислеа дека е мртов. Што сега сака тој од Гриселда и нејзините пари? Кого ќе одбере срцето на жената-хаус мајстор: нејзиниот сеуште официјален сопруг или новата љубов?

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

 

 

RSS