Мирниот Сокак

Подреди

"Мирниот сокак" е приказна за двајца млади чии различни животи ќе се спојат во еден ист свет во кој и двајцата ќе мора да трпат жртви. Билал е млад дечко кој е израснат во традиционална и многу религиозна фамилија и работи како таксист во сиромашната населба. Неговиот татко е мртов, па грижата за него ја превзел Хасан. Од друга страна, Фејза е убава и разгалена девојка која доаѓа од модерно и богато семејство. Нејзиниот татко е богатиот Неџметин Бег. Билал и Фејза одат на ист универзитет и учат на иста насока, но нивните животи се тотално различни. Другарката на Фејза, Лејла е тајно вљубена во Билал па во една кладба меѓу двете другарки, Фејза вели дека она ќе биде првата што ќе го заведе Билал. Но ништо повеќе нема да биде кажано на шега. Малата игра прераснува во голема љубов меѓу Билал и Фејза, во која и двајцата се менуваат. Билал повеќе не ја гледа Фејза како само богата и разгалена девојка, а таа почнува повеќе да се интересира за реалигијата и традицијата. Таквата промена на Фејза почнува да им пречи на нејзиното семејство и пријатели кои не може да ја прифатат нејзината врска со таков човек. Модерната девојка во име на љубовта ја облекува бурката и застанува на страната на традицијата.


Улоги: Selin Demiratar, Kutsi, Güven Hokna, Sinem Öztürk, Gökhan Mete, Yeşim Salkım, Paşhan Yılmazel, Hakan Eratik, Fatma Karanfil

RSS