Мојата тажна песна

Подреди

 

Фераје е убава, паметна и чесна девојка во темниот свет на лагите, злобата и омразата. Таа не верува во добри денови, во добри луѓе и во чуда. Нејзиниот свет се срушил кога на 15 години била силувана и родила син кој татко и и го одзел и го продал на богата фамилија. Потоа, насилно ја избркал ќерката од дома поради изгубената чест на семејството. Од тогаш се поминати осум години, а Фераје не престанува да жали по синот и единствена цел во животот и е да го пронаде своето дете. Заработува така што пее во еден ноќен клуб, а еднаш за да заработи повеќе пари, ќе мора да прифати вечера од богат бизнисмен на неговата луксузна јахта. Но таму, Фераје доживува непријатно изненадување од господинот кој ја плати и затоа ќе мора да избега, па се фрла во морето. Од морето ја спасува Јаман, млад и богат човек кој по смртта на татка си, го превзел семејниот бизнис. Таа ноќ засекогаш ќе ги смени животите на Фераје и Јаман. Двајцата се вљубуваат еден во друг, но таа љубов станува забранета. Од една страна се тајните на Фераје за нејзиното минато и работата како пејачка, а од друга страна е семејството на Јаман кое не сака да ја прифати Фераје за снаа. Но токму во тоа семејство се крие она што Фераје долги години го бара. Нејзиниот син.



Улоги: Bergüzar Korel (Фераје), Bülent İnal (Јаман), Nurşim Demir (госпоѓа Захиде), Tuncer Salman (Сервет), Celil Nalçakan (Неџип), Beyza Şekerci (Дилара)

RSS