На работ на ножот

Категории

Подреди

Ова е приказна за едно модерно и аристократско семејство кое живее во Истанбул и чие минато е обвиткано од голема тајна. Главата на семејството е господинот Селим Решит, кој има два сина, Орхан и Мехмет. Орхан е оној кој е горд на својата благородничка крв, оженет е со Нисан и имаат посвоен син Мурат на кој не му е кажано дека е посвоен. Нисан во куќата живее како во златен кафез, не е вљубена во својот сопруг и целата енергија и е насочена кон синот единец. Животот на фамилијата се менува кога се појавува Али, вистинскиот татко на малиот Мурат. Али бил десет години во затвор, осуден за убиство на неговата бремена жена и сега дознава дека неговиот син не е мртов, туку дека е одгледан како принц во богато семејство. За да биде поблиску до синот, се вработува како возач на семејството и е спремен да се одмазди на оние кои му го наместиле убиството.

 

   

RSS