Не тагувај по мене

Подреди

Приказната започнува во едно село покрај Црното Море, во кое се случува голема трагедија. Младиот Синан заедно со неговиот татко и богатиот пријател Јилмаз пловат со брод, но одеднаш ги фаќа голема бура. Синан се обидува да го спаси Јилмаз, но во тие мигови неговиот татко се дави во водата. Синан чувствува голема грижа на совест затоа што не можел да го спаси својот татко и решава да го напушти селото, да ги заврши студиите во странство и да се приклучи на армијата. По некое време, тој се враќа во селото и го чека едно изненадување од пријателот Јилмаз. Јилмаз решава да го постави Синан за глава на својата компанија како благодарност за тоа што му го спасил животот во бурата. Тогаш Синан ја запознава сопругата на Јилмаз, Бахар и се случува љубов на прв поглед од двете страни. Бахар и Синан ќе мора да ги притајуваат своите страсти во страв дека Јилмаз еден ден ќе ги открие. Љубовта на прв поглед се претвора во опасна и страстна врска која ќе загрози повеќе животи. Од друга страна братот на Бахар, Харун и братот на Синан, Нијази се вљубуваат во иста девојка, работничката Буке која работи во полето и живее заедно со својот татко. Срцето на Буке сепак ќе му припадне на Нијази, но на патот на нивната среќа стои мајката на Нијази и Синан. И покрај тоа, семејството на Нијази решава да ја побара раката на Буке. Но во Буке е вљубен и нејзиниот братучед од селото кој решава истата вечер да го убие свршеникот на братучетка му. Наместо Нијази, тој по грешка го убива Ахмет, братчето на Синан и Нијази. За таа несреќа, мајката на Нијази ја обвинува Буке и решава да и го загорчи животот. За Буке и Нијази, како и за Синан и Бахар следуваат тешки денови во кои мора да се изборат за својата забранета љубов. 

Улоги: Fulya Zenginer, Tansel Öngel, Çağlar Ertuğrul, Öykü Çelik, Ünal Silver, Beyazıt Gülercan, Eren Hacısalihoğlu

RSS