Неправда

Подреди

Зехра е 13-годишна сиромашна но паметна девојка која постигнува одлични резултати во училиштето и која има големи планови и надеж за иднинатата. Но нејзиниот татко и едно богато злобно семејство веќе скроиле поинакви планови за малото девојче. Нејзиниот живот ќе се промени во целост кога ќе сфати дека во име на традицијата, ќе мора да се омажи за богат млад човек кого и не го видела никогаш порано. Имено, нејзиниот брат Ферман е во забранета врска со Берфин, ќерката на Кирманови, богато конзервативно семејство чија глава е бабата Нужин. Затоа што Кирманови сметаат дека честа на семејството е погазена, бабата Нужин решава дека треба да дојде до размена на младенци во име на традицијата, обичаите и изгубената чест па така и Зехра да дојде во семејството како невеста. Соништата на Зехра за продолжување на образованието и за скромен нормален живот, згаснуваат. Нејзиниот свет се урива кога под заветот на закоравените обичаи, ќе треба да се влезе во договорен брак. Зехра не сака да ги напушти родителите, братот и сестричката, но тогаш татко и ја претепува до смрт и таа е приморана да се појави на таа венчавка. Ни крива ни должна, малечката невеста по венчавката доаѓа во големиот конак на Кирманови да живее со семејство кое не го ни познава. Освен сопругот - парализираниот Али, тука е нејзината нова свекрва Зумрут, нов девер Азад, снаа, братучедите Девран и Берфин, бабата Нужин и злобната тетка Бехрије. Станувајќи робинка на немилосрдната традиција, Зехра трпи секакви страдања и малтретирања во големата куќа, а излез од нејзината голема болка гледа во бегство од таму. Единствена која може да и помогне да побегне од суровата судбина е нејзината учителка Мелек која е всушност нејзината вистинска мајка. Дете заробено во една страшна традиција, дете кое трпи клоци и шлаканици од сите, дете без детство, дете кое на 13 години стана невеста во семејство кое не го познава, дете чии соништа се претворија во кошмар. Дали е праведно традицијата да биде над сите други животни вредности? Дали е праведно на 13 години да живееш живот на ворасен и да ја жртвуваш целата своја иднина? Приказната за Зехра го растреперува секој онојшто ќе ја слушне и види, а најлошо е што вакви неправди и денес се случуваат во Турција.


Улоги: Çağla Şimşek (Зехра), Orhan Şimşek (Азад), Gözde Mukavelat (Мелек), Ufuk Şen (Девран), Sema Aybars (Нухин), Ali Çakalgöz (Кадим), Arif Selçuk (Џемал)

RSS