Не се откажувам

Подреди

Благодарение на амбицијата и трудот, Јигит станал многу успешен бизнисмен. Тој е богат и згоден, но не верува повеќе во љубовта. Неговата жена Ичлал е во кома веќе неколку години, поради сообраќајната несреќа која ја имале. И така, веќе долг период, Јигит одбива да го прифати фактот дека неговата жена е сепак жива иако е во кома, па затоа му кажува на нивното мало синче Мерт дека мајка му е на небото. Еден ден, Јигит ја запознава убавата Нур и двајцата се вљубуваат еден во друг. Не знаејќи за Ичлал, Нур прифаќа да се омажи за Јигит. Но, нивната среќа нема да трае долго. На денот на венчавката, Ичлал се буди од кома, но не се сеќава на ништо. Јигит и Нур се венчаат, а потоа Нур ја чека големо изненадување - Јигит имал жена која сеуште е жива. Поради тајната која ја криел, таа сака да се разведе од Јигит, но тој очајно и посесивно ја сака, така што ја чува затворена во куќата само за него и за никој друг. Ичлал, пак, се враќа во куќата во која веќе живее новата жена на нејзиниот сакан Јигит. Додека Ичлал е во таква состојба, сите се прават дека работите се поинакви и дека Нур е всушност дадилка на малиот Мерт. Кога почнува да и се враќа меморијата, Ичлал сфаќа која е всушност Нур и почнува да кова планови заедно со нејзината мајка против убавата девојка, која ја сметаат за натрапничка во куќата. Во животот на Нур се појавува и човек кој тврди дека е нејзиниот прв и законски маж.Многу љубов, сплетки и семејни тајни ќе ја обележат приказната за Јигит и неговата Нур, од која срцето не може никогаш да се откаже.

RSS