Парампарче

Подреди

Ѓулсерен е скромна млада и самохрана мајка, која животот го посветила на својата 15-годишна ќерка. Таа работи како продавачка и живее во едно сиромашно соседство во Истанбул. Откако ја напуштил сопругот, со сите сили се обидува да ја изведе нејзината ќерка Хазал на вистинскиот пат, но Хазал е неблагодарна и ја прекорува својата мајка што не ѝ овозможила богат и луксузен живот како што имаат сите други деца. Но, судбината крие една голема тајна. Хазал не е нејзина вистинска ќерка. Нејзината биолошка ќерка се вика Џансу и живее како принцеза со луѓето кои мислат дека ѝ се родители, Џихан и Дилара. Дилара доаѓа од богато семејство, а пак Џихан е богат бизнисмен кој премногу ја сака својата ќерка Џансу и целата негова смисла е всушност таа. Но, една сообраќајна несреќа ќе започне да ја открива вистината за големата грешка која ги раздвоила семејствата, вистина која допрва ќе ги отвори старите рани. За Џансу е потребна крв за да се спаси нејзиниот живот, а Џихан и Дилара од докторот дознаваат дека нивната крв не е компатибилна со крвта на Џансу, односно дека Џансу не е нивна ќерка. Пред 15 години, Ѓулсерен и Дилара по игра на случајноста се породиле во иста болница. Поради сличноста на презимињата, докторите ги помешале бебињата, односно ќерката на Ѓулсерен завршила кај Дилара, а ќерката на Дилара и Џихан кај Ѓулсерен. И сега... по толку години, вистината за потеклото на двете девојки започнува да се открива и да ги разбранува семејните односи на двете семејства. Дилара и Џихан ја наоѓаат Ѓулсерен, жената која се породила тој ден, а со неа, и нивната вистинска ќерка. Дилара решава дека нивната биолошка ќерка треба да дојде да живее со нив и да ги ужива благодетите на богатиот живот, по што ќе се јават првите недоразбирања меѓу Ѓулсерен и Дилара. Проблемите ќе ги зближат Џихан и Ѓулсерен, меѓу кои ќе се развие голема љубов, која нема да може да се притае. Ѓулсерен ќе почне да се зближува со Џансу, а татковскиот инстинкт на Џихан ќе го приближи кон Хазал. Ова е неверојатна приказна за тешките одлуки и изборите кои треба да ги направи родителската љубов. Приказна за судбината која го спојува она што одамна е скршено. Во борбата за вистината и во големото страдање, ќе може ли да ја откријат својата среќа? Ќе може ли да се засака друга мајка, освен онаа со која сме израснале? Што е подготвена една мајка да направи во име на љубовта кон своето дете? 

Улоги : Nurgül Yeşilçay (Ѓулсерен), Erkan Petekkaya (Џихан), Ebru Özkan (Дилара), Leyla Tanlar (Џансу), Alina Boz (Хазал) и др.

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk

RSS