Пет сестри

Подреди

Ова е приказна за пет сестри кои по загубата на своите родители, остануваат сами да се борат во животот. И покрај тоа што некогаш се караат, тие секогаш се тука една за сите и сите за една. Најстарата сестра Елиф е дваесетгодишна студентка по право која ја има улогата на мајка и татко за останатите. Средношколката Армаган има 17 години и е бунтовна, силна и со диво срце. Петнаесетгодишната Јелиз е тинејџерка која е загрижена со училишните проблеми и сака да стане популарна меѓу другарките и покрај малкуте пари кои ги има во нејзиниот паричник. Билге е 12-годишната сестра, страствен читател, одговорна и пред неа се наоѓа нов период во животот, пубертетот. Најмалата е Џансу, шестгодишно слатко девојче која е многу чувствителна и која многу ја сака музиката. Овие сестри секој ден го почнуваат со љубов и борба за живот, живеејќи во куќата во која работеле нивните родители.

    

   

 

RSS