Помрачување

Подреди

Трагедијата на Лејла започнува кога на свет носи две вонбрачни близначки. По породувањето, и е кажано дека едно од девојчињата умрело на породување, а по кратко време, таа е приморана да се откаже и од второто и да го даде на посвојување. Од тогаш, Лејла започнува да живее во очај и тага по изгубените деца, но таа не се откажува од своето посвоено дете и по 23 години се враќа во градот каде започна нејзината трагедија. Таму, во Истанбул, ја запознава Шебнем, која е всушност една од нејзините ќерки, онаа за која и беше кажано дека умрела на породувањето. Всушност, Шебнем била посвоена од богат бизнисмен, господинот Шевкет. Таа е мила, убава и добродушна девојка. Другата ќерка на Лејла е Ајла, која работи во компанијата на Шевкет како графички дизајнер. За разлика од Шебнем, оваа е амбициозна, гладна за пари и моќ, точно знае што сака да постигне во животот. Судбините на двете сестри се испреплетуваат кога ќе се вљубат во ист човек - згодниот Кенан. Но, оној што решава за нивните судбини е господинот Шевкет кој има скроено поинакви планови за двете сестри и тоа е оној кој ја знае вистината за нивното потекло.

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk 

RSS