Посилна од се

Подреди

Асије е млада и убава девојка која работи во еден мал салон за убавина. Живее во сиромашна и валкана населба заедно со нејзиниот татко, бабата, сестрата Мине и маќеата, со која не се согласува воопшто и за која смета дека го манипулира нејзиниот татко против ќерките. За да се оттргне од животот со маќеата во таа куќа, Асије посакува само да се омажи што е можно поскоро. Дознава дека е бремена од нејзиното момче и мисли дека конечно ќе и се укаже прилика и ќе се омажи. Но, нејзиното момче не мисли така. Тој не е подготвен за брак и ја убедува да абортира. Во една кавга меѓу двајцата, Асије го прободува со нож. Исплашена дека го убила, бега од дома заедно со сестра и Мине, која е нејзина најголема поддршка. Сега двете се оставени сами на себе, без пари дури ни за автобуска карта. Случајно го запознаваат богаташот Четин и неговата девојка Селен, кои решаваат да им помогнат на девојките и да ги превезат со нивната кола. Но, Четин и Селен имаат жестока караница и Селен случајно паѓа од една карпа и умира. Сето тоа Асије го снима и решава да го уценува Четин за да извлече пари од него. Во моментот смислува ѓаволски план. Планот е - умрената девојка да биде Асије, а Асије да го превземе нејзиниот идентитет и да биде Селен, свршеница на Четин. За возврат, Асије нема да го обвини Четин за убиство и на тој начин, таа ќе започне сосема нов живот во богатство и раскош. Планот почнува да се остварува, таа доаѓа да живее во богатата куќа како свршеница на Четин, а пак нејзиниот татко дознава дека Асије умрела, паѓајќи од карпа. Во новиот и луксузен свет, надвор од минатите црни денови на тага, несреќа и глад, Асије започнува да живее живот кој мисли дека ќе и донесе среќа. Но работите нема да се одвиваат онака како што таа планирала. Тајната за нејзиниот идентитет ќе почне полека да се открива, а мрачното минато ќе ја разниша нејзината душа, за која мислеше дека е посилна од сè.

Улоги : Özlem Yılmaz (Асије), Ushan Çakır (Четин), Altan Erkekli (Слаим), Gülçin Santırcıoğlu (Первин), Anıl İlter (Али) и други

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk

RSS