Потомците на сонцето

Подреди

Во измислена војна, во измислена земја Урк, Обединетите Нации праќаат мировна мисија. Капетан Ју Си Џин води своја специјална единица за воени дејствија на опасна територија. Таму ја сретнува Др. Канг, која е волонтер во Лекари без граници, хуманитарна организација која се труди да лекува ранети и болни лица во завоената област.

Си Џин е капетан на специјалните сил. Тој со Водникот Де Јонг фаќат крадец на мотор. Крадецот се повредува за време на неговото фаќање е испратен во болница. Де Јонг сфаќа дека неговиот мобилен е украден од крадецот и оди во болницата за да си го врати мобилниот.  Во ургентниот центар Си Џин за прв пат се среќава со Др Мо Јеон. Тој веднаш се вљубува во неа. Мо Јеон мисли дека Си Џин е дел од некоја криминална банда, но тој докажува дека е војник со помош на Мјунг Џу, која е докторка во армијата. 

 

RSS