Повторно Роден

Подреди

Ова е приказна за Ефе и Мете, двајца близнаци чие детство навидум се чини спокојно и среќно. Кога Ефе ќе дознае дека неговата мајка има афера со деловниот партнер на таткото, ќе реши вистината да му ја соопшти на татка си. Се крие во неговиот автомобил, несвесен дека токму тој автомобил и тој момент ќе ги однесе засекогаш во пропаст. Таткото е нападнат од еден од бизнис партнерите и со колата доживува несреќа. Умира на лице место, а Ефе успева да се спаси. По 20 години, веќе ништо не е исто. Сега, кога сите мислат дека детето е одамна умрено, тој се враќа во животите на своето семејство. Ефе е сега скромен и благороден, пораснат во сосема поинакви услови од Мете, кој расте во студено, арогантно и бескруполозно окружување. Кога двајцата браќа ќе се сретнат повторно по толку поминато време, ќе може ли нешто да ја спречи братската љубов и поврзаност? Мете е убиен од страна на непријателите на семејството, и тогаш Ефе решава да се одмазди и да го превземе неговиот идентитет. Времето за одмазда започнува, но во новото време и новиот живот, Ефе ќе се вљуби во онаа која беше судена за брат му. Повторно роден, само тој ќе ја има силата да ја порази лагата и да го врати она што одамна му беше украдено. 

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS