Приказната за девојката од планината

Подреди

Есмер е млада и бунтовна девојка со нескротливо срце. Живее во едно планинско село заедно со чичко и и тетка и кои и се единствени роднини. Таа е неписмена, неуредна и дива, а животот го поминува во планината, дружејќи се со животните, инсектите и билките. Еден ден додека се шета во планината здогледува млад дечко кој лежи на земјата. Тоа е Али Мурат, син на една од најмоќните фамилии во регионот. Каснат е од змија, а Есмер успева со својот нож да ја пресече раната, да го извади отровот и да му го спаси животот. Веднаш потоа, бега во дивата природа. Од тој момент, Есмер не може да престане да мисли на Али Мурат кој за неа претставува принцот на белиот коњ од нејзините бајки. А ниту Али Мурат не може да престане да мисли на девојката од планината која му го спаси животот. Судбината сакала да ги спои повторно, па така двајцата се среќаваат во дивините на планината. Есмер не може да одолее на страста на Али Мурат, па затоа решава да му се предаде. Но следното утро се соочува со горката вистина. Али Мурат е оженет. Разочарана, Есмер наоѓа засолниште во богатата куќа на фамилијата Кулова, кои се смртни непријатели на фамилијата на Али Мурат во борбата за земја, пари и моќ во областа. Во Есмер се вљубува Масум, внукот на Кулова и од тогаш срцето на Есмер почнува да чука помеѓу два огна, помеѓу двајца мажи, помеѓу две фамилии кои не бираат средства да се уништат меѓусебно.

RSS