Сеќавањата Болат

Категории

Подреди

Во зимата 1974 год. морнаричкиот офицер Ферит се враќа во Истанбул. Тогаш животите на четворица млади луѓе ќе се сменат засекогаш.  Љубов, копнеж, страст, предавство и длабоки рани во срцето ќе ги следат нашите јунаци во прекрасната љубовна приказна "Сеќавањата болат".Приказната започнува кога малечката Мужган останува без мајка и татко. Таа се сели во куќата на г-нот Рауф и таму расте со неговите деца Селим и Налан. После многу години Мужган ќе израсне во прекрасна девојка.Г-дин Рауф сака таа да се омажи за Селим, но Мужган веќе има чувства кон истиот човек во којшто е вљубена и Налан – морнаричкиот офицер Ферит. Таа нема друг избор освен да ја закопа таа љубов длабоко во своето срце. Мужган и Селим ќе направат веридба, но кратко потоа започнува војната на Кипар. Селим и Ферит заминуваат со војската. Налан се обидува да му напише писмо на Ферит, но бидејќи не знае да пишува така убаво како Мужган, ја замолува таа да ги пишува писмата во нејзино име. Поради љубовта што ја чувствува, Мужган со леснотија ги пишува романтичните писма. Љубовта што таа сакаше да ја заборави, сега ќе се разгори уште повеќе.Војната завршува и Ферит и Селим се враќаат во земјата. Врската меѓу Налан и Ферит продолжува и се изгледа совршено, се додека Ферит не дознае дека сите оние искрени чувства искажани во писмата ги напишала Мужган.Токму тогаш започнува невозможната љубов меѓу нив двајца.

 


                                                                           

RSS