Семејство Синѓелиќ

Подреди

"Сингелиќи" е српска верзија на светски популарната шпанска серија "Серанови", своевремено емитувана на А1 телевизија. Досега се снимени 90 епизоди, а снимањето продолжува и во 2017-та година. Серијата има доста драматични, доста комични, но и тажни случувања, кои некогаш ќе ве насмеат, а некогаш и расплачат. Сторијата за ова лудо семејство започнува кога Сретен ќе се ожени со Лила и двајцата ќе почнат да живеат заедно со децата од своите први бракови. Имајќи сфатено дека сам не може да се грижи за своите деца по смртта на сопругата, Сретен се решил да се ожени со Лила, негова девојка од средношколските денови и на тој начин да оформи повторно семеен живот. Тој е сопственик на кафаната "Сокаче" и тренер на фудбалскиот клуб "Сингелиќи". Лила, пак, е професорка по српски јазик, која по разводот од првиот маж, решила да се омажи за Сретен. Лила има три ќерки, а Сретен тројца синови. Животот во заедничката куќа навидум се чини како правилен избор, но постепено и двајцата почнуваат да се прашуваат дали е тоа сепак вистинската работа што ја одлучиле. Синовите на Сретен се Методија, Коља и Гојко, а тука се и неговите двајца браќа Јездимир и Момчило. Од друга страна, ќерките на Лила се Ева и Тереза, а со нив живее и мајката на Лила, Ксенија. Животот во куќата за Ева и Методија ќе значи ново запознавање, вљубување и чувства кои на почетокот и можеби не е лесно да се признаат. Меѓу другите ликови се Федор и Николина, најдобрите пријатели на Сретен и Лила. Сите тие заедно ќе донесат низа на хумористични и интересни моменти. Караници, љубовни препирања, секојдневни проблеми, сето тоа ги очекува овие ликови во "Семејството Синѓелиќ". 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

 

RSS