Сестри

Категории

Подреди

Оваа серија нѐ води низ животната приказна на две сестри кои разводот на нивните родители ги води во различни правци и иако нивните идеали, животни цели и мотиви се крајно различни и ќе ги одведат до многу судири, сплетки и пресметки, на крајот и двете ќе дојдат до универзалната вистина дека сопственото семејство е тоа што прво ќе пружи рака на спас и помош секогаш кога животот ќе не доведе во ситуација која наизглед е беспомошна.Судбината посакала двете сестри Ѓулен и Ѓоркен да пораснат во две различни средини. Едната со татко и, сиромашен учител и идеалист, а другата, Ѓоркен, со нејзината мајка во изобилство што и овозможило никогаш од ништо да не се воздржува. Иако живеат на сосема спротивни страни на животот, животните патишта на двете сетри ќе се вкрстат и ќе ја стават на испит нивната сестринска љубов. Таткото на нивната мајка ќе умре и таа, заедно со Ѓоркен ќе сфати дека тој зад себе оставил огромни долгови и нивното богатство набргу ќе исчезне, а навиките ќе мора да се променат. Нихал, мајката на Ѓоркен се надева и ќе направи се’, нејзината ќерка да му стане сопруга на Каан, синот наследник на богатото семејство Аталај. Тоа се плановите на Нихал, но плановите запишани како судбина на ова семејство се малку поинакви. Каан, всушност, се вљубува во сестрата на Ѓоркен, Ѓулен.

Улоги: Naz Elmas (Ѓулем), Rojda Demirer (Ѓоркем), Nebahat Çehre (Нихан), Aytaç Arman (Енгин), Cengiz Coşkun (Каан), Lale Oraloğlu (Леман).

 

   

RSS