Сила

Подреди

На необично место во неочекувано време, под невозможни услови започнува нејзината приказна. Сила е родена во беда и сиромаштија, па поради немање пари, нејзиниот татко ја продал на богата фамилија во Истанбул, фамилија која многу ја сака и кои ја школувале во најдобрите школи во Истанбул. Еден ден, нејзиниот биолошки татко Џелил и братот Азад се појавуваат пред неа во богатата куќа и под изговор дека мајка и е болна, ја носат Сила во селото каде живеат. Сила е среќна што ја нашла својата вистинска фамилија, но не знае дека тоа патување ќе и го промени целиот живот. Во селото каде доаѓа владеат строги обичаи и закоравена традиција кои се сосема непознати за младата девојка која израснала со модерни сфаќања. Тука Сила е приморана да се омажи за Боран ага, чија сестра Нарин избегала со братот на Сила, Азад па според традицијата ќе мора да дојде до размена на младенците. Да го спаси животот на својот брат, Сила се жртвува и се мажи за човек кој не го познава. По свадбата, таа почнува да живее во големата куќа кај својот сопруг, Боран ага, заробена во оковот на застарените обичаи. Станувајќи робинка на немилосрдната традиција, Сила планира бегство од големата куќа, но постепено сфаќа дека се вљубува во својот сопруг Боран.

Улоги: Cansu Dere, Mehmet Akif Alakurt, Zeynep Eronat, Menderes Samancılar, Fatoş Tez, Fatoş Sezer, Muhammed Cangören, Kartal Balaban

RSS