Совршена

Подреди

"Совршена" - приказна за модата и гламурот, сага за тајните игри и жалната исповед на девојките вовлечени во светот на проституцијата и дрогата. Слава, моќ и пари. Задоволство на телото. Пулсирачка страст. Интензивна бес. Заводливи ситуации кои можат да бидат измамени. Арлет е наивна млада девојка која од секогаш посакувала да стане топ-модел. По разводот на своите родители, таа се сели во Сао Паоло заедно со својата конзервативна мајка и баба. Амбициозната бизнисменка Фани е привлечена од убавината на Арлет и затоа ѝ нуди можност да работи во нејзината модна агенција. Во обид да го спаси своето семејство од финансиска криза, Арлет наоѓа шанса токму и да си го оствари својот сон на тој начин. Арлет со задоволство прифаќа и во новиот свет, таа добива целосна трансформација на изгледот, но и на името. Во светот на модата и гламурот, нашата хероина од сега ќе се вика Енџел. Но, во позадина на целиот тој сјај на модниот свет, парите, успехот и екстраваганцијата, се крие добро разработена шема на проституција од страна на опасната и неморална Фани, во чија мрежа ќе ја вплетка и Енџел. Десна рака на Фани е Антонио, нејзиниот бизнис партнер и љубовник кој ѝ помага во регрутација и заведување на девојки кои од успешни топ модели треба да станат елитни проститутки. На почетокот, Енџел не сака да биде дел од таа чудна приказна, но потоа е принудена да го стори тоа за да ги плати долговите на своето семејство. Нејзиниот прв состанок е со моќниот бизнисмен Алекс, кој веднаш станува опседнат со девојката која за него е совршена и онаа за која секогаш сонувал. Верувајќи дека љубовта на Алекс е вистинита, Енџел си дозволува да се вклучи во неговите заводнички игри и го крши најважното правило во проституцијата: никогаш да не се заљубиш во клиентот. Откако ќе сфати дека нејзината врска нема иднина, девојката решава да стави крај на тоа. Но, дури и откако ќе почне да се гледа со Гуи, внукот на Алекс, нејзиното срце се уште ќе чука за и само за Алекс. Но, човек кој ги користи своите пари за да добие сè што сака, нема да се смири за помалку. Алекс по секоја цена ја сака Енџел во неговиот живот и за да биде блиску до неа, ќе се ожени со Каролина, нејзината мајка. Каролина нема идеја за поврзаноста на Алекс со нејзината ќерка и токму тогаш започнуваат опасните замки на љубовниот триаголник. Мајка и ќерка стануваат жртви на страста кон истиот човек. Опсесијата ќе ги надмине границите кои ги поставува разумот, а за совршената девојка ќе има ли спас од темниот свет во кој навлезе? Од таа мафија нема да може туку така да се ослободи, затоа што нејзиниот живот е на цена, а нејзината љубов ќе ги надмине сите очекувња и задоволства кои и беа пружени.

 
Улоги : Camila Queiroz (Енџел), Rodrigo Lombardi (Алекс), Drica Moraes (Каролина), Marieta Severo (Фани), Reynaldo Gianecchini (Тони)

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS