Страдалничка

Подреди

Господинот Фахри е еден од најбогатите и најпочитувани луѓе во земјата. Кога се оженил со Кериме, таа ја донела разгалената петгодишна ќерка Нил од првиот брак. Тогаш се родила Сахра, ќерката на Фахри и Кериме која од самото раѓање била осудена на зависта и љубомората на Нил. По смртта на мајката, зависта на Нил прераснала во омраза кон полусестрата. По многу години, Сахра станува убава девојка која го завршува факултетот и која започнува да работи во семејната компанија. За разлика од неа, лошата Нил нема успех во работата и се мажи со Џемал кој работи во семејната компанија. Но Џемал постепено почнува да се заљубува во неговата балдска Сахра што почнува многу да и пречи на Нил. Во една кавга, Нил го убива сопругот и е осудена на затворска казна. Додека Нил плаќа за злото кое го направила, судбината ја наградува Сахра за добрината и и ја носи љубовта на нејзиниот живот, харизматичниот Синан со кого по некое време Сахра стапува во брак. Сè се чини розово во животот на Сахра сè додека Нил не излезе од затвор и не планира нови сплетки против сестрата за да и го растури бракот и да го земе наследството. Кога успева во тоа и кога Синан ја изневерува сопругата, Сахра се разочарува и решава да побегне во Мароко далеку од сите. Тогаш Нил заедно со нејзиниот пријател од затворот планира да и наместат страшна сообраќајна несреќа во која треба да умре Сахра. Во Мароко, колата на Сахра ќе експлодира и сите мислат дека она умрела. Но Сахра е жива и со многу изгореници. Нејзе ја наоѓа докторот Хусеин и ја лекува. По неколку направени операции, Сахра станува сосема нова жена која е подготвена да се врати во Турција и да се им се одмазди на оние кои ја уништија. Со превезот под кој се крие, никој не може да ја препознае.

Улоги: Arzum Onan, Okan Şenozan, Neslihan Yeldan, Berkun Oya, Serhat Tutumluer, Mazlum Kiper. Aylin Arasıl, Semih Sergen, Ruken Demirer, Jeyan Mahfi Tözüm, Tuğrul Arsever, Boğaçhan Sözmen

 

RSS