Судбина

Подреди

Отакако Кралот Гонгмин се ожени со Принцезата од Јуан, Ногук, тие тргнаа кон Горјео. По патот тие се нападнати и Кралицата е сериозно повредена. Според советите од кралските советници, Кралот му наредува на својот телохранител Чои Јунг да помине низ мистичната порта (Небесната порта) и да најде ''Небесен Доктор.'' Чои Јунг патува во иднината и ја донесува Ју Јун Су, докторка од модерното време од Сеул, кој и го спасува животот на Кралицата. Тој и ветува дека повторно ќе ја врати во нејзиниот свет, но беспомошниот Крал со добро срце насила ја тера Јун Су да остане бидејќи таа ќе му биде многу корисна. Јун Су се прилагодува во новата околина, и постепено таа и Чои Јунг се вљубуваат еден во друг.
Но проблемите почнуваат да излегуваат од другите кои се фасцинирани од нејзиното чудно однесување и вештина да ја предвиди иднината, и Јун Су станува пион во политичката моќ помеѓу Гонгмин, Господари од Јуан и социопатот Ки Чул. Постојано ризикувајки си го животот, Чои Јунг попречува многубројни обиди од Ки Чул кој сака да ја киднапира и да ја поседува Јун Су.

RSS